МОНСТРУОЗНО: Лудаците од ВМРО-ДПМНЕ не исплатиле социјална помош и детски додаток намерно за да ја наместат Фросина Ременски како виновник, значи поради политичка пресметка!!!

0
301

На лицемерните политики на Никола Груевски и неговиот кум и министер за финансии им нема крај, пишува на Фејбук министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски.

„Во обид да обвинат дека некој друг е виновен за нивните опструкции кон МТСП и покрај уредно и навремено потпишаните и доставени за исплата обврски кон граѓаните и други, скоро еден месец стојат на трезор нереализирани исплати кон граѓаните за:

– породилно боледување 195.069.448, 00 денари;
– правата од социјална заштита за месец март 375.051.571,00 денари;
– средствата за заштитните друштва кои вработуваат инвалидизирани лица 64.402.617,00 денари;
– средства за здравствено исигурување 8.689.231,00 денари;
– средства за бањите кои даваа услуги за бањско климатска рекреација на пензионерите 10.755.722,00 денари;
– парична помош за граѓаните за опожарени куќи и лекување 240.000, денари, и др.

Или вкупно неисплатени близу 12 милиони евра“, објавува Ремески.