МОНСТРУОЗНИТЕ КОНСТРУКЦИИ НА ПРОПАГАНДАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ РАЗБИЕНИ – Фотографијата на Заев со членови на ДИК е стара, лажат дека е од средба овој викенд

0
310

zaev-rilkovski-duma5001

Провладините медиуми денеска со наслови „скандал“ и „шокантно“, пласираа сторија поткрепена со фотографија дека наводно вчера вечерта лидерот на СДСМ, Зоран Заев во некој ресторан во подрум во периферијата на Скопје остварил средба со претседателот на ДИК, Никола Рилковски и со Виолета Дума членка на комисијата (и двајцата на предлог на опозицијата) за да договорел со нив како да се изјаснела  ДИК околу аудио снимките и тврдењето на опозициската СДСМ дека имаат несоборливи докази за украдени и лажирани избори.

На фотографијата до Заев е Костадин Ацевски, претседател на ОК на СДСМ Ѓорче Петров. Во изјава за Либертас тој тврди дека фотографијата е стара, таква средба имало но била пред ланските парламентарни избори.

Ме најдовте на Автобуска станица во Битола. Работам во јавното претпријатие МРД (Македонска радиодифузија) и од 27-ми минатиот месец сум на предавателот на Пелистер, и еве чекам автобус за дома, за Скопје. Ја видов фотографијата и  што да ви кажам… Одговорно тврдам дека фотографијата е стара, од пред последните парламентарни избори, јас сум тој што седи до Заев, вели Ацевски за Либертас. Ако не верувате и вие и другите медиуми слободно обратете се на директорката на МРД, таа ќе ви потврди дека овој викенд, односно од 27-ми како што ви реков, сум службено на Пелистер. Ќе се согласите, и таму и на „тајна средба“ викендов, не сум можел да бидам – тврди Ацевски.

Извор: Либертас