Модернизирана куќа во англиски стил

0
593

Студиото „Адам Ниб Архитектс“ реновираше една стара куќа во англискиот град Коли, при што шармантната селска куќарка е трансформирана во модерен семеен дом.Концептот на екстериерот се состои од цврста ѕидана база во приземјето, додека првиот кат потсетува на дрвена кутија поставена врз структура од тули, стакло и дрво, со што е обезбедена комбинација на стариот и модерниот стил.

133102597

На ѕиданиот дел од старата куќа му е прилепена доградба со стаклени ѕидови, во која се сместени дневниот престој, трпезаријата и кујната. Големите стаклени површини во овој дел овозможуваат уживање во панормаскиот поглед и прекрасното природно опкружување.

Призмениот кат од старата куќа е адаптиран во соба за прием на гости и организирање семејни собири, додека на катот се наоѓаат спалните соби.

133102600

На овој начин, модернизираната куќа „Бекет“ ги содржи сите барања и креативни пристапи, на кои инсистирале нејзините сопственици за да добијат современ животен простор.

133102599