МНОГУ ХРАБАР ПОТЕГ НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ И НИКОЛА ДИМИТРОВ – МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОТЕРА ЕДЕН РУСКИ ДИПЛОМАТ КАКО СОЛИДАРНОСТ КОН ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ЕУ ОТКАКО РУСИТЕ ПРЕДИЗВИКАА ТРУЕЊЕ СО НЕРВЕН ГАС!

0
486

Министерството за надворешни работи денеска објави дека Македонија ќе протера еден руски дипломат од земјава во знак на солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

-Одлуката е донесена во тесна консултација со партнерите од ЕУ и НАТО, а се однесува на случајот со труењето на поранешниот двоен руски агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Нелегалното користење на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји, се вели во соопштението на МНР.