Мијалков повторно игра на картата со сваровски судии: Членови од Судски совет им ветуваат унапредување на судиите што ќе го „минираат“ СЈО

0
383

Член на Судскиот совет, кој се стреми да стане и претседател, денеска имал средба со судија од Основниот суд Скопје 1, од одделот за организиран криминал, од кој експлицитно побарал да ги минираат постапките на СЈО, да не прифаќаат притвор и други алтернативни мерки, а за возврат, им понудил избор во Апелациониот суд, за празните места кои треба да се пополнат наскоро- откриваат за Сведок, извори од Судскиот совет.

Според истите извори, судијката од одделот за организиран криминал и корупција која денеска била во Судскиот совет, конкурирала за во Апелациониот суд, а зад себе има „истакнати“ резултати преку судење на предмети со политичари, новинари, шпиони и други поголеми предмети, но за разлика од нејзините колеги, таа немала политички притисоци до сега, туку исклучиво медиумски!

Сведок веќе пишуваше дека во одделот за организиран криминал тројца судии гласаа против одлуките за неопределување притвор за екс министрите во случаите поврзани со изборите и опремата во МВР, па од тука, откако се увидело дека дел од судиите веќе не се под контрола на Влатко Панчевски, претседтел на судот, во „убедувачка“ мисија се вклучил и Судскиот совет и тоа преку истите членови, чии гласови ги слушавме во „бомбите“ како одработуваат за партијата на власт.

Дека не е ништо оставено на случајност е и податокот дека в понеделник, на големо „изненадување“ на сите старата претседтелка Александра Зафироска која беше најзастапена во бомбите пак ќе седне на претседателското место, по денешното формално заминување на Бранко Ушковски.