Мицкоски повика на протест: Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО, Елвис е жив, често слушам гласови во главата

0
1210

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео обраќање повика на протести в недела во Каварадци, против владината политика.

-Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. А нема затоа што имаме неспособна влада. Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас, вели меѓудругото Мицкоски во видео обраќањето.

-Затоа и ќе продолжиме да протестираме и ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш, вели Мицкоски.Што содржи неговата порака до граѓаните, од видеото подолу.