Михајловски : Основната партиска линија на ова новово ВМРО-ДПМНЕ, од моментот кога не успеа да формира Влада, па преку нападот на Собранието на 27 април 2017, сѐ до денеска е дека не смеат да одат в затвор за криминалите што ги направија!

0
372

Ние навистина мора да сме лудаци ако чекаме исход од ова што сега се нарекува „преговори за новиот Закон за Јавно обвинителство“. Море работни групи во Собранието, море консултации, море усогласување на амандмани, море после одморите ќе се наврателе на законските измени… Бре, бре, бре… Глумење демократски процес. Демек, меѓупартиски дијалог.

Тие преговори за новиот Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши и иднината на предметите на СЈО, се фарса уште од моментот кога во нив се вклучија осомничени и обвинети, баш во предмети на тоа Специјално обвинителство. Има ли поинвентивно фингирање демократски процес од овој, кога осомничени криминалци преговараат дали треба да постои обвинителство што треба да ги гони баш нив за криминалот што го правеле додека биле на власт.

Пратеникот Антонијо Милошоски преговара за оддржливо решение за правда, а го чувме како додека беше министер за надворешни работи нарачува лустрација на судија оти татко му требало евтино да купи државен имот. Мора да сме лудаци, ако очекуваме пратеникот  Илија Димовски да гласа за продолжување на предметите на СЈО, кога тој е еден од 21 висок партиски функционер обвинет баш од тоа СЈО за изборни измами.

Основната партиска линија на ова новово ВМРО-ДПМНЕ, од моментот кога не успеа да формира Влада, па преку нападот на Собранието на 27 април 2017, сѐ до денеска е дека не смеат да одат в затвор за криминалите што ги направија. За обвиненијата на СЈО за нелегалното прислушување, силеџиство, кражба на избори и украдени милиони и милиони евра, велеа дека им се врши политички прогон.

А како што опасно се приближува 15 септември, кога треба да се одлучи за судбината на предметите што произлегоа од нелегалното прислушување и откако на државата ѝ се случи „Рекет“ сосе специјалната обвинителка Катица Јанева како една од осомничените, запеаја и друга песна. Демек, не треба да нѐ гоните нас, оти и вие крадете. Ај да не се апсиме за џабе.

Линк до целата колумна ОВДЕ.