Министерот Спасовски се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбец

0
116

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

Министерот Спасовски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство од досегашната соработка со амбасадата на Република Словенија и благодарност за принципиелната поддршка која Македонија ја добива од Словенија во однос на евроатланската интеграција на земјата.

Амбасадорот Јазбец истакнал дека има многу идеи за идни проекти од заеднички интерес и изражил надеж дека тие ќе се реализираат. Тој посочил дека Словенија и Македонија се пријателски земји и затоа треба да се размислува за можни начини на идна соработка.

Словенечкиот амбасадор изразил надеж дека парламентарните избори на 11 декември ќе бидат фер и демократски, притоа истакнувајќи ја улогата на МВР во овој процес.

Министерот Спасовски посочил дека МВР во целост ќе ги заврши своите обврски за претстојните избори и оти нема да биде дозволена било каква злоупотреба ниту на човечки, ниту на технички ресурси.