Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов со демант на тврдењата од Доказ,ЦентарЊуз и Народен Глас

0
306

До портал Народен глас

narodenglas

Демант во врска со преземената содржина од порталот Centarnews.net  со наслов  Скандал: “Дали е ова причината за “хакирањето” на меилот на министерот Спасов”? и објавена на Вашиот портал Народен глас

 

Почитувани,

Во врска со преземената содржина од порталот Centarnews.net со наслов  Скандал: “Дали е ова причината за “хакирањето” на меилот на министерот Спасов”? и објавена на Вашиот портал Народен глас, а во интерес на вистината должни сме да Ве демантираме.

Имено, преземениот текст претставува ефтин обид преку изнесување лаги, манипулации, невистини да се наштети на личниот углед на министерот Спасов. Ова е смислено сценарио со кое  преку фалсификувана електронска пошта со невистинита содржина која што е испратена на четири службени емаил адреси, смислено да се наштети на угледот и на министерството и министерот.

Прво, се направи хакерски упад и беше фалсификувана електронската пошта, за што министерот Спасов веднаш по добиеното сознание уште истиот ден (4.2.2015) на негова иницијатива, го пријави случајот во МВР при што е покрената истрага и пријава против непознато лице за кривично дело, оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем по член 251 од КЗ и кривично дело, компјутерска измама 251-Б од КЗ заради пронаоѓање на сторителот на овие кривични дела со кои на министерот му се нанесува штета на угледот како и на министерството со кое раководи.

Ваквиот начин на непрофесионално и тенденциозно известување, непочитувајќи ги новинарските стандарди е преседан. Не сакаме да веруваме дека хакерскиот упад и објавувањето на оваа лажно тврдење и лажна информација се тесно поврзани.

Иако станува за збор за преземен текст со оглед на тежината на преземениот текст и согласно со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, бараме во рок од 48 часа  да се извините и јавно да го повлечете текстот. Во спротивно ќе ги искористиме сите правни механизми согласно позитивните законски прописи за надоместување на штета за навреда и клевета и предизвикана штета нанесена на честа и угледот на министерот.

Почитувани

Текстот поврзан со министерот Диме Спасов не е авторски текст туку е превземен од порталот CentarNews од прва до последна буква, порталот Народен Глас нема намера да нанесува нечија штета нити да клевети некого туку се води под мотото : Народот има право да ја знае вистината без влакна на јазикот. Демантот на министерот е целосно објавен од редакцијата на Народен Глас. Со почит.