Милевски: Не прифаќаме амнестија за Груевски и неговата банда

0
105

Goran-Milevski1-636x320

ЛДП ги осудува и целосно ги отфрла иницијативите изнесени во јавноста со кои се предлага донесување на Закон за амнестија на криминалната врхушка на ДПМНЕ, како начин за излез и разрешување на политичката криза во Македонија.

„Ова е уште еден доказ дека власта е исплашена и свесна за сопственото незаконско работење, за кое преку амнестијата бара начин за спас на сопствената кожа.

Македонија не смее да си го дозволи тој луксуз да амнестира криминалци. До колку ова сега се направи стравуваме дека ќе стане правило во Македонија на секое заминување на било која власт,  да се бара иста или слична амнестија. Ова ќе биде крај на правната држава. Груевски и неговата банда ја втурнаа државата во бездна, народот го држат во заложништво девет години, нанесувајќи им зло со нивните нечовечки и криминални дејанија“, изјави претседателот Милевски на денешната прес-конференција.

„Со злоупотреба на системот и власта за изборни нерегуларности, малверзации и манипулации на гласачите, појасни Милевски, властите местеле судии и јавни обвинители, договарале милионски провизии, се изживувале врз бизнисмените и врз неистомислениците.

Тоа не смее да им се прости! Не смее на преговарачката маса да се најде зборот амнестија ниту овде, ниту во Брисел“, истакна Милевски.

Горан Милевски повторно ги појасни барањата на ЛДП во однос на разрешување на моменталната криза:

– Оставка на делегитимираната влада на Никола Груевски;

– Формирање на преодна влада која ќе овозможи институционална разрешница на содржината на презентираните снимки од страна на опозицијата;

– Во преодната влада да нема место за ниту еден член на армадата криминалци од ДПМНЕ;

– Итно разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски

ЛДП уште еднаш укажува дека нема да прифати донесување на Закон со кој ќе се амнестираат злоделата на Груевски и неговата банда поради своите граѓани, но и поради сите политички затвореници кои неправедно се осудени и ставени зад решетки. Наместо амнестија мора да има конфискација на секој незаконски стекнат имот на владините функционери.