МЕГА МЕГА МЕГА СКАНДАЛ ВО СВАРОВСКИ СУДСТВОТО : ЗАТВОРЕНИК ОСЛОБОДЕН СО ЛАЖНО РЕШЕНИЕ ОД СУДОТ

0
376

Скопјанецот С. Ш., со фалсификувано решение, во март годинава бил пуштен од затвор каде што бил на издржување на седумгодишна затворска казна во затворот во Идризово, за кражба на сеф во кој имало 500 илјади евра, 50.000 долари и големо количество златен накит. Скандалот го потврди и полицијата.

05BDEDE43A6E0C4BA3E995A80D14ED03

“За овој случај е поведена истрага и се трга по осуденото лице”, кусо ни изјавија од МВР, и рекоа дека други детали не сакаат да соопштат во интерес на истрагата.
Дека затвореникот повеќе не е во затворот во Идризово ни потврдија и од затворската управа, но и од Управата за извршување санкции. Директорката на Управата Лидија Гавриловски за сите информации околу овој случај нe упати до Основниот суд Скопје 1 каде што на С. Ш. и на други тројца што му помогнале да ја изврши кражбата им биле изречни затворски казни.
Според досегашните информации, С. Ш. за една од најголемите кражби во изминативе десет години, во Основниот суд во Скопје бил осуден на затворска казна во траење од седум години и почнал да ја издржува во затворот во Идризово. Во меѓувреме, пресудата била обжалена, и Апелациониот суд на С.Ш. му ја укинал затворската казна и предметот го вратил на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 1. Според лица што се вклучени во истрагата, на 26 март годинава во затворот во Идризово, со редовна пошта стигнало правосилно решение со кое на Затворот му се наредува да го ослободи осудениот од понатамошно издржување на затворска казна. На решението стоел оригинален печат од Судот и било заверено со архивски број. Откако затворот го добил решението и напишале повратна испратница дека решението е уредно примено, осуденикот бил пуштен на слобода.
За скандалот се дознало сосема случајно, кога неколкумина познајници го виделе ослободениот затвореник како слободно се шета.
Веднаш случајот бил пријавен во полиција и почнала истрага која, како што дознаваме, е сконцентрирана на Судот, но и на други лица што постапувале по овој случај. Како што појаснуваат од истрагата, Судот е тој што располага со судските печати и само Судот може да донесе решение за ослободување на некој затвореник од понатамошно издржување на затворска казна.
Кражбата за која е осуден С. Ш. и неговите помагачи беше извршена во јуни 2013, кога од куќа на скопски бизнисмен навечер, без да бидат забележани од никого, успеале да го украдат металниот сеф во кој тој ги чувал парите и златото.

(П. А.Л.)

Основен суд Скопје 1: Не е издадено решение за ослободување

“Од Основниот суд Скопје 1 Скопје не е издадено решение со кое се одлучувало за ослободување на обвинетиот С.Ш. За ова, односно конкретно за обвинетиот дознавме откако затворот го испрати ваквото решение на проверка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, а со оглед на тоа дека од страна на затворот веќе беше постапено, за истото веднаш беа известени надлежните институции, односно МВР и обвинителството”, се вели во писмениот одговор од Судот испратен до нашата редакција.
За С.Ш., Судот пресудата ја донел на 24 февруари лани со која тој бил осуден на 7 години затвор во која казна му се засметува и времето минато во притвор од 11.07.2013 година. Оваа пресуда станала правосилна од 10. јуни лани.
“Конкретно за обвинетиот за кој прашувате нема одлука за повторување на постапката или за условен отпуст”, објаснуваат од Судот.

Кој печати решенија?

Како што велат во Судот, овој случај не е осамен. Полицијата води истрага и за други два случаи каде што, исто така, со решение издадено од судот и заверено со судски печат биле пуштени и други два затвореника. Но, бил спречен обид на ваков начин да биде пуштен и трет затвореник, бидејќи надлежните се посомневале во решението. Затвореникот бил задржан сè додека случајот не бил целосно испитан.
Кој печати вакви решенија засега сè уште не се знае. Тие решенија со коишто се пуштени осудениците сега се кај полицијата за да се утврди можна злоупотреба.

Извор : Вест