МЕГА БОМБА на ИФИМЕС: Светските разузнавачки служби имаат богати досиеја за двоецот Груевски – Мијалков!

0
36568

Процесот на дегруевизација на Македонија ќе започне со апсењето на Никола Груевски. Според некои проценки, направениот криминал е неспоредливо поголем по интензитет и содржина со криминалите на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, пишува ИФИМЕС ( Меѓународен инситут за блискоисточни и балкански студии) во својата анализа со наслов „Македонија – украдена држава и демократија“.

„Поради тоа, дегруевизацијата на Македонија ќе биде голем предизвик и за меѓународната заедница, оти криминалот на една држава не е изолирана категорија туку составен елемент од меѓународниот криминал. Лидерите на светските разузнавачки служби имаат богати досиеја за двоецот Груевски – Мијалков, нивните најблиски соработници и сите оние кои добиле корист благодарение на постоечкиот режим“, пишува ИФИМЕС.

Во анализата се заклучува дека македонската криза нема да може да се реши без дополнителен ангажман на САД и се додава дека потребна е силна поддршка за водството на Специјалното јавно обвинителство – Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристеска и останатите обвинители.

„Во Македонија дојде до злоупотреба и крах на институциите на државата и во такви услови улогата на Специјалното јавно обвинителство станува уште поважна. На Македонија најверојатно ќе и биде потребна дополнителна помош од американските агенции за да се бори со криминалот и корупцијата, каква што помош им нудеше САД на Италија за борба со мафијата“, се наведува во анализата.