МЕГА БОМБА НА ЕКС РАЗУЗНАВАЧОТ БОГОЕВСКИ : Земоски ми кажа дека и дал 100 илјади евра од Телеком и на Јанкулоска за Аналитико!

0
451

Постоела пракса во време пред изборите како парламентарните во 2006-та инволвираните во скандалот со Телеком да ги подмитуваат и претставниците на власта и на опозицијата во Македонија, тврди екс-разузнавачот Богоевски во своето сведочење. Тој го спомнува Тео Вајгел поранешниот германски министер за финансии и неговиот соработник Шилинг дека му наредиле на Беким Земоски да даде 100 илјади евра од митото за Телеком на фирмата Аналитико во која тогаш работеле претставници на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Телма.

Jankulovska-Mijalkov-i-radnikot-620x400

– Ги дадов парите на Гордана која тогаш беше вработена во Аналитико, а сега е министер за внатрешни работи, цитира Богоевски што му кажал Беким Земоски.

Богоевски тврди дека го предупредил дека тоа е ризично бидејќи ако Бучковски дознае за парите дадени на Аналитико тогаш Земовски кој му е советник во кабинетот ќе има големи проблеми. Земовски наводно рекол дека тоа редовно го прави, и дека пред изборите ги финансира и власта и опозициската партија и дека така било и кога Бучковски бил опозиционер. Аналитико е компанија која продаваше услуги на Телеком, како картички и телефони и со неа бил поврзан врвот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред 2006-та година. Вајгел за кого Богоевски тврди дека му наредувал на Земовски е поранешен долгогодишен германски министер познат и како креаторот на заедничката авропска валута, а бил соработник на Бучковски, а се среќавал и со Груевски. Шилинг неговиот долгогодишен соработник исто така е дел од невладината германска организација Бајмак со седиште во Минхен каде како благајник фигурира Беким Земоски. Земоски по еднонеделн молк преку порталот Либертас ги негираше тврдењата на Богоевски како измислици и најави тужба за клевета против екс-разузнавачот.

– Изјавата при судот во Њујорк е злонамерна и тендециозна, со цел да наштети на мојот углед и интегритет. Јас одговорно тврдам и демантирам дека не сум учествувал во никакви нелегални посредувања и активности какви што ги искажува Слободан Богоевски, вели Земовски во реакцијата.

Со тужба за клевета против Богоевски се огласи и вицепремиерот Муса Џафери преку порталот Порталб. И тој негира било каква вмешаност и негова и на Али Ахмети во случајот со митото на Телеком.

-Обвинувањата против мене, кои се однесуваат дури и на организирање убиства, се сериозни и тешки. Станува збор за прашања од лична природа и ќе тужам за клевета. Тој ќе мора сите овие работи да ги докаже пред нашите институции, изјавил за Порталб Џафери, за кого Богоевски тврди дека наводно стоел зад обидот за убиство на АбдилХалим Касами, поранешен функционер на ДУИ. Тој обид за убиство се уште не е расветлен.