МВР ВО СКОПЈЕ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА МОТОРЏИИТЕ КОИ ШИБААТ СО 300 НА СААТ КАДЕ ПОЛИЦИЈАТА ВО ВЕЧЕРНА АКЦИЈА ОДЗЕДЕ ГОЛЕМ БРОЈ НА МОТОРИ КОИ СЕ ТРКААТ ПО ПАРТИЗАНСКА И ЗАГРОЗУВААТ ЖИВОТИ

0
488

Доколку вечерва забележавте силно полициско присуство низ Скопје, тоа е поради акцијата која трае и во моментов, а е во насока против дивите трки на моторџии и возила кои прават бучава, дознава Centar.mk

Полицијата вечерва одзеде повеќе мотори, а на возилата кои прават голема бучава и имаат затемнети стакла им се одземаа сообраќајните дозволи и се праќаат на вонреден технички преглед.

Оваа акција наиде на силна поддршка кај скопјани со оглед дека дивите трки ги вознемируваат граѓаните и предизвикуваат страв за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, дознава Centar.mk.


фото Centar.mk