МВРО-ВМРО НА МИТКО ЧАВКОВ ПРОДОЛЖУВА СО ХАЈКАТА ПРОТИВ ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈ : Демонстранти од Битола повикани во полиција за шарање на Општината

0
305

Неколкумина демонстранти на „Шарената револуција“ од Битола, денеска биле повикани во битолската полиција на информативен разговор. Според извори на „Мета“ од „Шарената револуција“, вчера униформирани полицајци им доставиле покани на неколкумина демонстранати денеска претпладне да се јават во СВР -Битола бидејќи на полициските снимки биле забележани како фрлаат боја на зградата на Општина Битола, на киното „Манаки“, на споменикот на „Филип Втори“ на Магнолија и слично.

Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, вели дека повикувањето на информативен разговор е тековна работа на инспекторите и не открива колкумина се повикани за овие случаи.

– Ова е секојдневна работа на инспекторите, можат секој да го повикаат на разговор, но нема некој да е приведен или притворен – вели Стаматова.

Учесниците на „Шарената револуција “ во Битола, сепак сметаат дека ова е обид да се изврши притисок врз демонстрантите да се откажат од активностите на протестите.