Македонци ќе можат да добијат шестмесечен престој во Германија

0
887

Со почетокот на оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија. Во пракса ова значи, дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој во најсилната европска економија ако докаже дека има доволно пари за самостојно да се издржува и покаже одредено ниво на познавање на германскиот јазик. За време на овие шест месеци, работникот може да бара работа и ќе нема право на социјална помош. Дозволата за престој ќе биде продолжена ако најде работа.

Досега, на работа во Германија можеше да се замине ако претходно се обезбедеше писмо- договор за вработување од тамошен работодавач и посебна потврда од нашата Агенција за вработување или, пак на полесен начин, со бугарски пасош.

Со новиот закон, изразот „квалификуван работник“ ќе се користи и за работници со висока стручна спрема и за работници со ниски стручни квалификации. Германија има намера на овој начин да ангажира вработени во стратешките сектори како информатиката, информатичката технологија, како и луѓе за работа во кујни и за нега на постари лица.

Законските измени предвидуваат дека во одредени околности работникот може да ја докаже стручната спрема стекната во земјата од каде доаѓа по доаѓањето во Германија, што значи дека квалификувани странци може да влезат во земјата, може дури и да почнат да работат, додека трае постапката за признавање на нивни дипломи и квалификации.