Македонија и денеска е на ноза: Протестираат синдикалците на „Повелбата“ и антивладините „Протестирам“!

0
45

Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по неколкудневна пауза, денеска во 18 часот повторно излегува на протест пред Специјалното јавно обвинителство. Нивните барања се: оставка на Престедателот Ѓорге Иванов кој аболицираше 56 политичари, функциунери и нивни соработници за криминал, повлекување на аболицијата, формирање на експертска влада и неодржување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, поради немање на услови.

Исто така, денеска на протестен марш во 18 часот пред Дом на градежници излегуваат и потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права. Тие испратија првомајски проглас за заедничка борба за работнички права. Оттаму имаат неколку барања:

• донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор, преку:
– ослободување на правото на штрајк, бидејќи, преку спорни одредби во актуелните закони, на работниците им е отежната борбата за своите права преку штрајкови;
– нормализирање на процесот за регистрација на синдикатите и синдикалните организации согласно одредбите на Конвенциите 87 и 96 на Меѓународната организација на трудот (МОТ);
• итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници согласно Уставот и законите на РМ, како и конвенциите потпишани од страна на државата;
• промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос;
• повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор – два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор;
– со повлекувањето на горенаведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина.

13091955_1207104539330228_7342880034145953241_n