МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ПОКАЖАА КАКО ТРЕБА: Весниците на германски јазик со пофалби за Македонија и Грција и порака до ЕУ да се обиде по ист принцип да постигне успех и со другите балкански држави

0
224

„Добар пример“ е насловот на коментарот во „Манхајмер морген“, во кој уште во првата реченица се констатира: „Без јасен став не е можно ништо!“ Навраќајќи се настаните од 2015 година во Македонија и промената на власта, во коментарот се оценува:

„Со корумпирани автократи како екс-премиерот Никола Груевски, кој побегна во Унгарија, договорот за името со Грција немаше да се случи. Несфатливо е зошто Европската комисија не го применува македонскиот пример и во случајот на останатите балклански држави… Компромисот за името е единствениот политички напредок во последните години кој е постигнат во некоја земја кандидат за приклучување во ЕУ. Тој покажува дека е можно да се постигне нешто со заедничка политичка волја на ЕУ и соодветен притисок на Балканот. Одлучувачки беше и е што ЕУ-државите ги ставија во втор план интересите на апртиските семејства – пред сѐ на можната Европска народна партија (ЕНП). Не смее да се заборави дека со националистичката партија која владееше во Македонија до 2017 година ваков договор немаше да биде можен. И грчката Неа Демократија, која исто така припаѓа на ЕНП, е против компромисот. Без помошта на канцеларката Ангела Меркел, која го препозна значењето од решавањето на спорот за името, ќе победеше партискиот, а не граѓанскиот интерес.“

Повеќе:

Меркел: Завршувањето на спорот за името е важна вест

Мас: Извонредна вест за Европа

„Фолксштиме“ констатира дека „нема доволно висока оценка“ за тоа што по парламентот во Скопје, сега и грчкиот парламент даде зелено светло за договорот за името:

„Грција и Македонија по 30 години соперништво можат да преминат во уредени соседски односи… Најголемиот добитник, на прв поглед, е идната Северна Македонија. Во замена за прифаќањето на герографската одредница, земјата на хоризонтот доби членство во НАТО и ЕУ… Но, профитираат и Грците: се намалуваат подрачјата од Западен Балкан кои не се дел од ЕУ. Ако сега нервозните националистии ‘не збудалат’, на крајниот југоисток на Европа би можело навистина да завладее стабилност.“

На Балканот се отвораат нови перспективи, се оценува во коментарот на „Ноје цирхер цајтунг“:

„Ципрас заедно со северномакедонскиот колега Зоран Заев го направи своето – наспроти сите отпори и, вчудовидувачки многу, останувајќи верни на принципите. Тоа е големо достигнување и на Балканот му отвора нови перспективи за постабилна иднина. Приклучување на Северна Македонија во НАТО е прашање на месеци, а и преговорите на земјите од поранешна Југославија за приклучување во ЕУ добивата нов полет. Европејците и Американците ќе им бидат благодарни на двајцата премиери, пред сѐ поради растечката геополитичка конкуренција во регионот од страна на Русија и Кина. Со својата постапка Ципрас, меѓутоа, уште еднаш ја покажа другата страна на својата политичка личлност – онаа на играч на висок ризик. Зашто, внатрешнополитички, компромисот е експеримент со многу неизвесен исход – како во Атина, така и во Скопје.“