Магарешките атентати на Груевски

0
392

Кралот може да владее или да умре. Нема трето. И бившите и сегашните монархии се горди на тоа. Проблемот е кога одредени сатрапи ќе се уфилмаат дека се кралеви. Филмот станува хорор тогаш кога некој знае дека сепак не е вистински монарх и за него постои и трета опција – фер истрага и судска постапка.

kire-naumov1

оривот на Груевски да владее доживотно е неоспорен и неприкриен. Неговиот двор заедно со сите дворски шутови кои скокаат по медиумите сигурно деновиве ќе ни соопштат дека една негова пра прабаба од мајкина страна била благородничка со сина крв и кралевска лоза. Тоа за него е единствениот излез бидејќи ако набрзо не се круниса и не владее доживотно, во најдобар случај ќе заврши на обвинителната клупа.

Денес е сосема неважно зошто дел од меѓународната заедница гледа со емпатија кон Груевски. Според нив, барањето за безусловна оставка на Груевски било не фер барање бидејќи оставката би значела негово признавање на сите злодела уште и пред да почне фер судската постапка која сигурно подоцна ќе ја баараат од идната власт. Неважно е дали тие мислат и дека во овој момент е доволно и ако овој режим на Груевски добие само некоја помека варијанта. Впрочем, можеби Јункер сака да мерачи и да удира шамар и на уште еден диктатор помеѓу земјите кандидати, а не само на Орбан како диктатор од земја членка. Тие и немора да веруваат дега Груевски нема да се откаже од власт и после било какви избори и дека за нејзе ќе се држи и со заби но можеби и со крвави раце.

Крвавиот 9 Мај е пресвртница во однесувањето на меѓународната заедница и тоа денес после еден месец никој неможе да го оспори. После 9 Мај не се појави ниту една изјава од типот на оние кои ги даваа амбасадорите на В. Британија, Германија, САД, ЕУ. Обидете се и препрочитајте ги овие изјави и запрашајте се што е подруго денес освен што зад нас се крвавите настани во Куманово.

Не сакам да поверувам дека меѓународната заедница решила со Груевски да се однесува како со мало дете кое доколку добие неколку воспитни на јавна сцена тоа наместо да се смири прави поголеми зулуми па сега решиле да пробаат со арно. Можеби за нив е доволно што го пратиле во ќош и го натерале да повторува неколку пати : јас сум за ЕУ и НАТО, и што веќе месец дена никој не пука и нема мртви. Ама за нас кои ќе мораме да продолжиме да се обидуваме да живееме тука, тоа не е доволно.

Историјата не научила дека она што се случи во Куманово е само една модерна варијанта на Магарешките Атентати од времето на Тодор Александров. Многу крв и одземени животи на невини сиромашни луѓе од сите националности во името на замислена борба за слобода а која довела само до следна неколкудеценијска агонија.

Тоа несмее да се повтори.

Кире Наумов