Лутите пиперки го продолжуваат животот

0
253

Неколку години околу 500.000 Кинези на на возраст од 30 до 79 години биле набљудувани при што е покажано дека луѓето кои секојндевно јаделе зачинета или лута храна живеат подолго.

Луѓето кои редовно јадат лута храна не само да си го продолжуваат животниот век, туку имаат и помали шанси да добијат некоја тешка болест, како што е ракот, срцеви и респираторни заболувања, тврдат научниците.

  • Нашата анализа покажува врска имзеѓу конзумирање зачинета храна и должината на живтото, како и смалување на морталитетот. Нашите разултати ги поткрепуваат досегашните истражувања кои уажуваат на потенцијално заштитено влијание на зачинетата храна врз здравјето на човекот – се истакнува во студијата на меѓународна група истражувачи, објавена во магазинот British Medical Journal.

Истражувачите претпоставуваат дека главна улога има капсаицин – активна супстанца која се наоѓа во лутите пиперки и која има антиоксидантско и антиупално дејство што помага во борбата против гојазност и појава на карциногени заболувања.