ЛУДИ МАЈМУНАРИИ ВО ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ : Прилепчанец обоил куче со боја за чевли

0
1616

МВР започна истрага по поднесена телефонска пријава од граѓанин во Полициската станица во Прилеп, откако пијан прилепчанец се изживувал врз куче и го обоил со црвена боја за чевли.

Од МВР информираа дека полициски службеници излегле на терен и евидентирале дека на 7-ми февруари околу 11 часот, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, односно кај тезгите за чистење чевли, пријавениот напаѓач започнал да се изживува над кучето.

Сето ова кај граѓаните предизвикало дополнителен револт и вознемиреност, поради што повеќемина од нив случајот го пријавиле и во полиција.

Против напаѓачот е поднесено известување до Обвинителството поради постоење на основи на сомнение дека има кривично дело „мачење животни“ под член 233 од КЗ на Република Македонија односно.