ЛУДИЛОТО НА РЕЖИМОТ НЕМА КРАЈ : ВМРО-ДПМНЕ за заменик министер во МВР го предложи најголемиот анален експерт и аналитички имбецил во Македонија Оливер Андонов!

0
852

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог за нов министер за внатрешни работи, потврди за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

– Може да потврдам дека министерот Митко Чавков предмалку поднесе оставка на позицијата министер за внатрешни работи. Премиерот Емил Димитриев ја прифати оставката на Чавков и согласно законските прописи ја испрати до Собранието заради нејзино констатирање. Истовремено премиерот до Собранието испрати предлог професорот Оливер Андонов да биде нов министер за внатрешни работи. Тој има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста, а моментално е професор, и тој е предлог кој доаѓа од редот на експертската фела. Откога пратениците ќе го изберат Андонов тој ќе биде нов министер, а потоа ќе биде и дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата за спроведување на изборите која би требало да се изгласа во Собранието утре – вели портпаролот Ѓорѓиев.

Според портпаролот на Владата, се очекува премиерот Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

– Чавков има долгогодишна работна кариера во МВР со голем број успеси во неговата работа. Позицијата министер за внатрешни работи ја извршуваше на високо и квалитетно ниво и Владата е задоволна од неговата работа. Проценката на премиерот е дека во идниот период е потребно тој да биде директор на Бирото за јавна безбедност каде што степенот на оперативно и тактичко постапување е поинтензивен и како човек кој е квалитетен и искусен тој е потребен за оперативно извршување на задачите и целите, особено ако се имаат во предвид најавите за можноста за нови мигрантски бранови и други безбедносни ризици. Откога ќе биде констатирана неговата оставка во Собранието, Чавков ќе биде предложен за нов директор на БЈБ на владина седница која би требало да се одржи во текот на денот – вели Ѓорѓиев.

Портпаролот потврди и дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.

– Атанасовски покажа квалитетни резултати на неговата претходна позиција и одговорно и посветено ја вршеше функцијата. Владата претпладнето на седница го именуваше за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Сметаме дека и на новата позиција ќе покаже високо ниво на професионализам и соодветно ќе ги изврши работните задачи – додава портпаролот на Владата Ѓорѓиев.

Се очекува Собранието во текот на денот да одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Митко Чавков, и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи.