Лудаците од апелација и врховен да си ги смират хормоните, наскоро ќе завладее правото и секој ќе одговара за стореното

0
3923

Како адвокат не знам од каде да почнам .На дневна основа глупости.Најдобро да почнам со една изрека на Цицерон-Tam altae sunt radices stultitiae или лудоста пушти така длабоки корења. Се отфрлаат тужби поради медијација,судската администрација штрајкуваше 3 месеци,министерот за правда не знам ни кој е ни дали постои,примената на законот за нотаријат се одложи,претседателот на АКРМ ги има сите потенцијали да дипломира на драмски……

И таман ке помисли човек дека судството престана со глупости а оно да ти било затишје пред бура. И повторно глупост.Нарачана од глупаците.Секоја поголема и поголема.Правопропорционално со паниката и очајот на властодршците.

Уште не здивнавме со последните глупости,уште не ги сваривме,а еве –избор на 28 нови судии.и тоа во момент кога се формира преодна влада на само 100 дена пред избори.И ова е трет пат да се бираат судии пред избори.

Претседателот на ССРМ бил против тоа што Антикорупциската комисија укажува дека не се вршат избори на судии во време на распишани избори во државава,затоа што судството било независно.Ко да Караџовски па нешто разбира.Човеков првпат стана судија во 2008,ги прелета набрзина сите судови,се смести во првата фотеља на ССРМ.Претпоставувам од таквото вртоглаво качување на скалите низ судството,му се помати умот.

Независно судство?Па,да. Караџовски е независен,една судијка која ја чувме во бомбите ,исто така независна?А,да ми текна Стојанче Рибарев е најнезависен.Како еден од најнезависните е член на Комисијата за помилување кај Ѓорѓи Иванов,заедно со независната Благородна Дулиќ,и независниот Марко Зврлевски.Како се погодивте толку независни на толку мал простор??

И сега како што сами се нарекоа од кумашинот лудациве сместуваат судии во апелација и врховен ,мислејќи дека ќе ги згрижат.Овие погоре споменатитенезависните”!

Овие пак кариеристиве ,иако добро сработија за првиве,да се засрамиш што ти се колеги.Како воопшто се судии без осет за логичко поврзување на работите?

Како не им текнува дека сегашниот избор во овој момент е лош ,катастрофален за нив за две работи-првата е дека ги обележија ,овој пат со мур иако пробаа да се затскриваат во независното ни судство,а втората уште полоша-којзнае што допрва ќе се побара од нив да одработат?И

Да тргнеме настрана и судиска заклетва,и дипломи и уверенија ,ама стварно, како не Ви се смачи колеги???Како не Ви е одвратно да работите под таков притисок.такви луди одлуки???Ве сожалувам.Мир немате знам,тоа ми е повеќе од јасно.До доцна во ноќите примате нарачки,а кога ќе ја ставите главата на перница сон тешко дека Ви доаѓа.Мирот и правдата се две страни на една иста кованица.

И чуму цел тој луксуз и цел тој Сваровски накит??

Па нели Ви текна некогаш на онаа,кој со ѓаволот тикви сади ,нему по глава.

Ке дојде време на промени.Многу брзо.Дел од Вас ќе пробаат и пробаат уште сега да се прикажат како независни судии.Но Вашето време за докажување помина.Вашето почитување и примена на Уставот и законите како што се заколнавте го видовме.

Вашите етички норми одамна не се предмет на опсервација во земјава.

Затоа и довербата и почитта кон судството од страна на граѓаните е на најниско можно ниво.

За Вас и Судскиот совет толку,претпоставувам уште од сега дека наредното пишување ќе ми биде за Уставниот суд,ако во меѓувреме очајниот кандидат – судија кој го одбија бидејќи не исполнува услови за судија во Стразбур не се појави на некоја нова листа.ако се случи тоа,не дај боже ,цела колумна само за него и неговите посети во штабот на ДПМНЕ.Или можеби треба да пишуваме секојдневно за голем дел од судиите кое немаат елементарни познавања од правото?

Па Вие господа сте неисцрпен извор за пишување и анализи.Со Вас никогаш не е досадно.

Сакав да го завршам текстов како што и почнав со некоја латинска изрека.Нели ние правниците сме познати по тоа?!Но се двоумам помеѓу Acta est fabula или  Reliquiae reliquiarum ?!Која и да ја употребам носи иста порака,доаѓа време на промени.Некое понормално време кое ќе донесе целосен ремонт на овој правосуден систем.Ќе донесе владеење на правото,почитување и примена на Уставот и законите,непристрасно и независно судство сето тоа преку нови судии со принципи на етика,професионално постапување и високи стандарди за судиската функција.

Внимавајте тогаш да не Ви се случи да бидете странка во постапката.Зошто нели предметите кои ги сработивте овие години постојат во судските архиви?!А замислете,правото ќе владее!И секој ќе одговара за стореното!

Даница Чадиева