Лично до авторот на текстот ,, ДАЛИ СОКОЛОВ ГО МЕНУВА СТАВОТ ЗА ГРУЕВСКИ ЗА МЕСТОТО ВО УО

0
381

Господине АВТОР Почесно и поувелливи ке ви беа лагите и инсинуациите кои се обидувате да ги пласирате низ споменатиот текст доколку под текстот го напишевте вашето име …

Screenshot_4

Нема потреба од криење… Заборавате дека недоволен е еден тест да ми го извалка името кое цел живот се грижам да го заштитам и одржам чисто. Кога веке започнавте со валкана игра да ве предупредам дека уриниранјето спрема силен ветер е на сопствена штета.

Во интерес на вистината заборавивте да го споменете и следното Иван Соколов никогаш не станал член на т.н. група во ВМРО ДПМНЕ ,,Форум на слободоумни патриоти,, Имено самите знаете дека од самиот почеток кога ми понудивте такви активности јас категорички одбив. Одбив и јасно ви напоменав дека таквите активности се бесмислени и дека целите кои ми ги посочивте се неостварливи и со таква утопија ке предизвика штети по самата Партија а единствена полза од таквите активности ке извлече само опозицијата предводена од ЗАЕВ.

Очигледно моите укажувања не беа доволни за да ги погледате реалните состојби за што јас воопшто и не ви се лутам ниту пак имам некакви замнерки за тоа што го правите.. Тоа е ваша работа. Зборувате дека Иван Соколов се продал за некакво место член на УО.. Вешто превртување на фактите… Па Иван Соколов и во изминатите осум години беше член на УО на Јавно претпријатие … И како може човек да се продаде на сопствената Партија во која го вложил најубавиот дел од својот живот Да направи ,,трансвер од својата Партија во својата Партија?…

Очигледно силно ве разочарал фактот што одбив да учествувам во рушењето на Партијата ВМРО ДПМНЕ. Ивинете но немате право да го барате тоа од мене. На крај контрадикторни сте самите на себе, ако од една страна ми цитирате текстови и изјави кои се директно насочени кон раководството на ВМРО ДПМНЕ а од друга страна кажувате дека сум награден со функција. Па ако е така господо, нели тоа ви укажува на сериозноста на моите ставови и отвореноста за дијалог во ВМРО ДПМНЕ?

Се надевам дека во иднина ке најдете посериозни теми за дебата одколку клеветења и сеење раздор и омраза.

Иван Соколов