Лимон, црн пипер и морска сол: Решаваат болен желудник, затнат нос, астма

0
848

Проблеми со желудникот – измешајте една лажица свежо исцеден лимонов сок со мала лажичка бибер во чаша со топла вода и полека испијте.

Воспалено грло – во чаша со топла вода ставете една лажица цеден лимонов сок, половина лажичка бибер и една лажичка морска сол. Потоа со оваа течност правете гаргара на грлото со цел да го смирите.

Затнат нос – помешајте исто количество на бибер, цимет, ким и семки од кардамон во сад и толчете ги додека не добиете прав. Полека вдишете од оваа мешавина додека не ви се отворат дишните патишта.

Олеснете ги симптомите на астма – во сад со вода што врие ставете 10 зрна бибер, две цветчиња каранфилче и 15 листови босилек. Оставете да се варат 15-тина минути, а потоа процедете ја течноста и ставете ја во тегла со капак. Додадете две лажици мед и оставете да се излади. Оваа мешавина за олеснување на симптомите на астма можете да ја чувате во фрижидерот и до две недели. Ако не можете да го поднесете вкусот пијте ја во комбинација со млеко.

Запирање на крвавење од нос – малку лимонов сок ставете на парче памук, што потоа ќе го ставите во носот. Малку навалете ја главата кон напред за да спречите течење на крвта во грлото и мачнина.

Против забоболка – помешајте лажичка мелен бибер со масло од каранфилче, па со оваа мешавина премачкајте го болниот заб.

Забрзајте го слабеењето – во чаша топла вода помешајте четврт лажичка сомелен бибер, две лажици лимонов сок и една лажица мед. Оваа течност пијте ја за да го забрзате метаболизмот и да го поттикнете слабеењето.