Лидерска средба Заев – Ахмети во Собранието, се разгледуваат опции како да се одблокира Собранието и избор на нов собраниски спикер

0
75

Зоран Заев и Али Ахмети се сретнаа во Собранието. Според собраниски извори средбата била во пратеничката група на СДСМ, а се разговарало за можните опции за деблокада на Собранието и избор на нов собраниски спикер, објави ТВ24.

Нема официјални информации дали нешто е конкретно договорено околу стратегијата која неколку дена ја најавува СДСМ за Собранието да почне да функционира.

Партиски извори од ДУИ велат дека опции кои им се на располагање се, мнозинството да почека да заврши маратонската дебата во Собранието или пак лидерите на парламентарните партии да најдат излез на лидерска средба – нешто што како можност ја најави минатата недела лидерот на ДУИ, Али Ахмети, иако од СДСМ неколкупати категорично ја демантираа оваа можност.

СПОДЕЛИ