ЛИДЕРО СОЛЗЕ МРСОЛЕВА ЗГРОЗЕНА ОД НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА

0
552

„ГЛАС за Македонија најостро реагира и е згрозена од предложеното име за „меѓународна“ употреба со локално значење.

Владата на Заев предложи име за меѓународна употреба со локално значење, што ќе значи целосна капитулација од наша страна. Придавката „Илинденска“ која на прв поглед е шеќерна обланда која треба да им се продаде лесно на Македонците поради емотивната врска со двата Илиндена, е всушност име кое не се преведува и е тотално бесмислено за меѓународна употреба. Ниту може да се изговори, ниту да се преведе, ниту има пошироко значење.

Со тоа Грција ќе извојува комплетна победа на своите никогаш непроменети барања да не бидеме препознатливи како нација, а ние ќе служиме за потсмев. Второ, како секуларна држава никако не смееме да си играме со верски поими (Св. Илија) бидејќи ќе личиме на Велигденските острови.

ГЛАС за Македонија дава предупредување до власта, но и до опозицијата никако да не им падне на памет да подржат промени на името Република Македонија, најмалку да дозволат мајтапење со некаква „креативност“. Бараме моментален прекин на задкулисните договори со Република Грција и враќање на проблемот на правен, а не на политички терен“, се вели во писменото соопштение на Солза Грчева, претседател на ГЛАС за Македонија.