ЛИБЕРТАС: Мобинг во Теа модерна – Главна уредничка „ќе ги убиела“ сите кои ја озборувале?!

0
873

Вработени во магазинот Теа модерна за Либертас откриваат дека со месеци биле изложени на арогантен однос, навреди и закани од главната уредничка Лилјана Дамовска. Тврдат дека трпат класичен мобинг но дека од страв досега не пријавиле на менаџментот на МПМ кој го издава неделникот.

Според нив во петокот се случил најнепријатниот инцидент меѓу вработени и уредничката. Наводно почнала да ги навредува, ги нарекувала неписмени и неспособни и им се обратила со зборовите “ сите што ме оговарате ќе ве убијам“.

Дамовска на чело на Теа модерна е од јануари годинава, а таму била прекумандувана од културната редакција на Дневник.

Од „Либертас“ не усепале да стапат во контакт со главната уредничка за да го искоментира мобингот за кој ја обвинуваат и се жалат нејзините колеги.