Лесно е во животот ако си миленичка на Сашо Мијалков и знаеш да правиш ПУШИНЕЛА : Судијката Лаличиќ со имот од над 100 илјади евра!

0
2497

sofijalalicikj

Стан од 62 квадратни метри вреден 70 илјади евра и автомобил „Нисан Џуке“ од над 14 илјади евра е само дел од имотот со кој располага 30-годишната судијка Софија Лаличиќ, за која вчера СДСМ објави аудио снимки од нејзин наводен разговор со директорот на УБК Сашо Мијалков, информира Призма.

Во разговорот, гласот за кој лидерот на СДСМ Зоран Заев тврди дека е на Мијалков ѝ соопштува на Лаличиќ дека е избрана за судијка, со предупредување сè уште да не кажува на никого. Мијалков и Лаличиќ договараат и частење кога работата ќе биде завршена.

Од имотниот лист на Лаличиќ може да се види дека таа пријавила и акции на три места, сите купени во 2007 година. Минатата година подигнала кредит од околу 8 илјади евра.

имот-2-540x127

Според податоците објавени на веб-страната на Антикорупциската комисија, Лаличиќ на 23 годишна возраст купила акции, но не ја навела сумата во својот анкетен лист

(…)

Во истиот период, чекор погоре во кариерата отиде и Маја Маркова-Котевска, сопруга на портпаролот на МВР Иво Котевски и ќерка на поранешната врховна судијка Љубинка Муратовска – Маркова. Од судија во Основниот суд 2, Котевска стана апелациски судија, шест месеци пред да стапат во сила законските измени кои предвидуваа дека потребен ќе биде соодветен стаж за унапредување во повисок суд. Котевска, пред да стане судијка во Апелација, имаше искуство од две години како судија во скопска „двојка“.

(…)

Во последниве неколку денови не работи ниту една веб-страница на судовите каде што може да се видат биографиите и фотографиите на судиите.

oss1