Ленче Ристовска: Директно и индиректно, вкупно биле прислушувани 20.017 различни телефонски броеви

0
110

Директно како таргети и индиректно преку броевите што биле тергетирани незаконски се следени и комуникациите на 20.017 телефонски броеви, рече обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска.

-Освен оние лица кои биле таргет на прислушување (најмалку 4286 броеви), незаконски се следени и сите други лица кои разговарале со овие лица, односно 20.017 различни телефонски броеви – изјави Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска при одговор на новинарско прашање.