Легендарниот ЕКС ракометен репрезентативец, како ракометен тренер, Томе Петрески стана шампион во Кувајт

0
182

Македонскиот тренер Томе Петрески, по краткиот престој во Пелистер, одново замина во интернационални води.

Неговиот нов клуб е Кувајт Спорт Клуб, екипа со која стана првак на Кувајт во сезона во која запишаа сто настотен успех.

Останува да ја комплетираат сезоната со триумф во Куп натпреварување што секако ќе се случи.

„Ја освоивме седмата шампионска титула по ред. Тука сме најбогат и најдобар клуб. Имаме доста квалитетни играчи. Сезоната ја завршивме без пораз. Останува уште Куп, се надевам на двојна круна. Морам да напоменам дека е многу полесно кога си во богат клуб со квалитетни играчи. Резултатите се неизбежни!“, изјави Петрески за g-sport.mk

Извор : Спорт-Мк