ЛЕВИЦА: Целта на апсењето на Здравко Савевски е да се угуши народниот револт кој станува се помасовен!

0
234

Целта е да се угуши народниот револт кој станува се помасовен, рече пред новинарите Димитар Апасиев од Левица по приведувањето на Здравко Савески член на Президиумот на Левица, пренесува „Телма“.

Од Левица упатија три пораки:

1. До министерот и заменик министерот за внатрешни работи да ги евидентираат но да не ги процесуираат овие кривични пријави додека не заврши оваа политичка криза;

2. Јавното обвинителство да не бара притвори за овие предмети и

3. До судијата, не до судот, туку конкретниот судија кај кого ќе се падне овој предмет под ниту еден основ да не оределува мерка притвор, туку да остави правдата да се спроведува без суптилни притисоци.

„Имаме неофицијални најави дека треба да бидат приведени 12 луѓе“, изјави денеска изјави пред новинарите Маријан Ристески

Тој порача дека со секој притворен власта превизвикува контраефект, односно дека протестите ќе бидат се помасовни.

Дел од присутните членови на Левицата носеа транспарент – „Апсете демонстрантите помилувате криминалци“

Неофицијално д-р Здравко Савески е терети за учество во толпа но тоа е неофицијално, сметаат од Левицата и истакнуваат дека се ова се прави за да се заплашат луѓето да не протестираат.

Извор: Телма