Лајм: Груевски му дал дозвола на Ахмети да се зближи со СДСМ за да го штити од прогон?!

0
128

ВМРО-ДПМНЕ со секој одминат ден станува се посвесна дека ќе ги изгуби изборите кои ќе се одржат после формирањето на техничката влада, па затоа подготвиле план како да се заштитат од прогонот за евентуално сторените крминали за овие 9 години, откако СДСМ ќе дојде на власт.

Gruevski-Ahmeti-4-520x325

Западни дипломати тврдат за Лајм, дека главната цел на ВМРО е сега да и помогне на ДУИ да победи на следните избори кај албанскиот електорат, и да остане на власт за да ја спречи наредната влада да ги гони функционерите на ВМРО кои евентуално направиле валкани работи додека биле на власт. За постигнување на оваа цел, Груевски му дал дозвола на Ахмети да ја напушти владата и да се зближи со СДСМ, со цел на тој начин да го поправи својот рејтинг кај албанскиот електорат.

Дипломатите не ја исклучуваат можноста ВМРО и ДУИ договорно да се судрат меѓу себе за некое прашање пред јавноста, исто како што се судирја за законот за бранители, судир кој според објавените бомби на Заев, изелезе дека бил координиран меѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков, пишува Лајм.