Лајм: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градат стратегија за предизборно „координирано непријателство“

0
266

Партиски извори на весникот „Лајм“ тврдат дека во недостаток на конкретни резултати и проекти кои би ги преставиле пред гласачите, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градат стратегија за меѓусебно „координирано непријателство” во текот на предизборната кампања.

gruevski-ahmeti-540x272

Оваа стратегија предвидува двете партии полека да ја враќаат „патриотската реторика“, секоја пред своите гласачи. Исто така се предвидува овие две партии меѓусебно да почнат да се обвинуваат, па дури и да се навредуваат, со цел да создадат лажен впечаток кај своите избирачи дека не се коалициони партнери, туку спротивставени страни.

Меѓсебните препукувања ќе започнат уште од сега, но кулиминацијата ќе ја достигнат за време на предизборната кампања. За ова време претседателството на ДУИ неколку пати ќе се состане за да дебатира за „излегување од владата“, а преку нивни блиски медиуми ќе информираат дека всушност странците им прават притисок, а не дека сакаат да бидат во влада со ВМРО-ДПМНЕ.

Изворите на „Лајм“ не ја исклучуваат можноста во склоп на ова „координирано непријателство“ наскоро да се врати во Собрание Законот за бранителите, и двата коалициони партнера после тоа да почнат жестока меѓусебна расправа за него. Сето тоа ќе бде само сцеарио, со цел да соберат што повеќе гласови на картата на национализмот и патриотизмот, со цел после изборите да продолжат со тендерите онаму каде што застанале, пишува весникот.