Латас те боли ли тебе тоа што ТИ им го правеше на другите ?

0
1026

Уредникот на телевизија Сител и дневниот весник Вечер, Драган Павловиќ – Латас барал институциите да реагираат за објавените снимки на интернет од извесен Никола Тесла на кои главен лик е токму тој заедно со сопственикот на Сител, Зоран Иванов- Ѕинго и новинарката Ивона Талевска.

Зошто ? Поради тоа што разговорите биле од приватните животи на гореспоменатите. Добро ајде можеби не е баш најзгодно да се слушнеш како разговараш со сопственикот на медиумумот каде што работиш за “најстариот занает на светот”, можеби не е убаво да слушнеш ти, а и уште многу други како колешката после 13 години ти кажува дека те сака …

И добро ајде да се сложиме сите дека нема да ни биде ни пријатно да си слушнеме разговори од таков карактер, поточно нема да му биде пријатно на тие што се блиску до нас, жени, деца, роднини.

Ако се вратиме само една година назад и се потсетиме ќе видиме дека истиот тој Драган Павловиќ – Латас си играше разузнавач и некој си дешифратор во ударните термини на Дневникот на Сител вадеше измислени скајп комуникации од Соња Верушевска и нејзиниот син Александар, или тоа не беше приватен разговор меѓу мајка и син ?

Дали почуствува тој како му беше на семејството Верушевски кога “бомбардираше” дека Зоран Верушевски се бавел со детска порнографија, па после не се бавел Зоран со тоа се бавел неговиот син. Или по туѓ грб и 100 стапа на болат а по својот и еден е многу.

Дали случајно уредникот кој што вадеше документчиња дека не бил соработник на странските служби ( а од бомбите на Заев мислам Протуѓер и Јанкуловска јасно кажаа дека е соработник) беше тој истиот кој што кажување дека поранешниот прв разузнавач Верушевски е соработник на странска служба иако еве и ден денес не се докажа тоа.

Заборави ли Латас на прилозите преку 2-3 дена за минатото на тогаш малолетниот Александар Верушевски ?
Или на тоа се сеќава а на објавените фотографии на интернет од негово полициоско досие каде му се земени отисоци и е фотографиран како престапник на законот не се сеќава.

Излезе ли Драган Паволвиќ Латас со реакција, ги осуди ли неговите неговите сителови колеги Александар Спасовски Сарма и Славица Арсовска кога на своите портали објавуваа фотографија од малолетната ќерка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев која што била направена за време на летувањето ?

Едно мало потсетување, во изминатиов период мислам дека само еднаш беше јавно спомената ќерката на Латас, а тој во истиот момент се закани со тужба и се разбира што е нормално секој така за своето чедо ќе постапи.

Видов на Фан страната на Вечер на ФБ спонзорирана објава од новинарката Катерина Блажевска каде што и таа бара по институционален пат да се реши случајот со новообјавените разговори и баш ме зачуди тој момент.

Да ја вратиме меморијата некаде во 2011 година по прилозите на тогашната А1 телевизија за Љубисав Иванов Ѕинго, во кои локалното население отворено и без страв зборува за своите маки во Кратово, телевизија Сител возврати со прилог на Драган Павловиќ Латас. Во прилогот јавно се дискредитира новинарката Мери Јордановска, која се доведува под сомнеж дека купила стан со неоданочени пари, односно од тајни извори. За да биде приказната поуверлива, во прилогот се уфрлени ликовите на неколку познати новинари, наводно од „платните списоци“ на СДСМ и на Сорос, меѓу кои и колешките Јадранка Костова од „Фокус“ и Катерина Блажевска од „Дневник“. Но, Костова и Блажевска потоа брзо ги снемува од прилогот, а остануваат само Владимир Милчин и Бранко Героски, уредникот на „Шпиц“. Неофицијално до промена на тој прилог дошло по остра реакција на Блажевска. Прилогот е премонтиран, а Латас ветил дека вечерва ќе ѝ се извини на Блажевска. Се реши ли институционално таа дискредитација од Латас кон Блажевска или остана само на извини, или па ова е само една контра услуга за тогашниот премонтиран прилог ?

Во Македонија има многу народни поговорки кои највероватно се запишани и од вистинити настани па една од нив вели:

“НЕ ПРАВИ ИМ ГО НА ДРУГИТЕ ТОА ШТО НЕ САКАШ ДА ГИ ГО ПРАВАТ ТЕБЕ !”

Пишува: Душко Стојановски

Извор : РеволуционерМк