Лампа во која растат билки

0
175

„The Grasslamp“ е иновативна лампа на српскиот дизајнер Марко Вучковиќ во која може да се одгледуваат микро билки користејќи само вода и ЛЕД осветлување, без потреба за земја.
Освен тоа што го забрзува растот на билките, штедловото ЛЕД светло може да пружи дискретно и релаксирачко осветлување во која било просторија.

Вонвременскиот дизајн на лампата и пружа на секоја просторија допир на елеганција, а во комбинација со зеленилото внатре во неа, ќе ја внесе природата во било кое катче во домот.

Научно е докажано дека зелената боја пружа одмор на уморните очи, а занимавање со градинарство има позитивно влијание на психата, слично на медитација.

Лампата содржи и проѕирна пластична кутија со поклопец која служи како пластеник кој содржи влажност и на тој начин го забрзува растот на билката. Кога билката ќе достигне височина од 2,5 сантиметри, поклопецот се отстранува и и се овозможува натамошен раст.