Ламбе Арнаудов САКА ДА ВИСИ ЗАЕДНО СО ГРУЈО : Со ВМРО ДПМНЕ се договоривме дека e природно да бидеме заедно

0
949

Сите наводи што последниве денови се напишани за мене се апсолутно точни, освен еден, а тоа е дека сето тоа сум го правел без знаење на Извршниот комитет на партијата, со што се доведе до прашање мојата искрена лојалност кон партијата, органите на партијата и кон претседателот Љубчо Георгиевски. Скоро 30 години мојот најголем политички животен дострел е поврзан со делото на Љубчо Георгиевски, кој од 90-тите години е ДНК на ВМРО и есенција на македонската независност, самостојност и демократија. Сме поминале и добро и лошо во многу ситуации, партиски и државни. Останува горчината во мојата душа дека често сме биле осамени во носењето на важни одлуки, но мене и друг не ми требало.

Непосреден повод за да отпочнат разговорите беше обидот кој многу порано го направиле дел од сегашните подржувачи на идејата за трет политички блок, кои индивидуално се понудиле на ВМРО-ДПМНЕ, но понудената стока била со многу ниска ценовна вредност. Сегашните разговори со ВМРО-ДПМНЕ се одвиваа многу коректно и со максимално почитување и од двете страни. Седнавме еден наспроти друг, секој со честа, но и гревовите на својата партија што сме ги направиле едни кон други и вмровски, достоинствено најдовме решенија за двете страни. Постојат две причини зошто се определив за ваквиот предлог. Првата е што јас сум убеден дека ние природно си припаѓаме едни со други, без оглед на некои разлики. Втората причина е длабоко емоционална но и реална, бидејќи сметам дека ВМРО и Македонија живеат во вечна симбиоза и нивниот опстанок не е можен еден без друг. Толку за моето ,,предавство,,.

Бидејќи денес е светол ден за ВМРО, ред е да поразговараме и за ,,јунаштвата,, во нашата партија. Инсталацијата на Заев и Шеќеринска поаѓајки од поединечни лични интереси во нашата партија, толку беа доведени во заблуда, што неможеа да го сватат визионерското рамислување на Претседателот за севкупните односи и интереси на партијата за подолг временски период. Со ова целосно паднаа во клопката што ја подготви Заев и се ставија во корист на друга партија, а на штета на сопствената. Три месеци Заев не држеше во заложништво дека ќе има широк опозициски фронт, а потоа на најгруб начин не отфрли и без трунка срам и периз, уште си дозволи да ни попува како да мислиме и да се однесуваме. На прашањето зошто се против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, одговорот беше дека нив ги води гнев, омраза и сурова одмазда кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, за наводните претрпени респресии кон нив.

Охридското Езеро е старо 7 милиони години и ако извадиме камен што лежел толку време ќе видиме дека однадор е воден, ама ако го скршиме тој внатре е сув. Убеден сум дека недоволно наводенатите Вмровци ова тешко ќе го сватат и разберат.

Извор : Актуелно24