Куќен притвор наместо притвор за претседателот на ДУИ-Куманово, обвинет за убиство на командант Шипоња

0
239

Бајрам Лимани од Лојане, кој е обвинет за убиството на Реџеп Исмаили (45) од Куманово, познат како командант Шипоња, е во домашен притвор наместо во притвор, пишува порталот СДК.

Кривичниот совет во Основниот суд Куманово, го преиначил решението на судијата од претходна постапка и мерката притвор за в.д. претседателот на разгранокот на ДУИ Куманово, и го заменил со куќен притвор. Лимани во петокот го напуштил притворот во Шутка и ја издржува казната во домашни услови во Лојане.

Според извори од Кумановскиот суд, советот сметал дека со оваа мерка може да се обезбеди присуство на обвинетиот за судењето, нема да влијае врз сведоците затоа што сите дале исказ во полицијата и повеќето во судот, а обвинетите го признале делото за поседување на оружје.

Наспроти ова, адвокатот на семејството на Шипоња, вели дека е невообичаено за вакви кривични дела да се заменува мерката притвор, имајќи ја предвид тежината на кривичните дела убиство и убиство во обид и висината на предвидената казна, посебно што се работи за постапка која е во тек и трае.