Критичноста е добар степен на зрелост!

0
305

Во современите модерни општества една демократска влада за своја цел има да обезбеди општа корист, правда и мир. Тргнувајќи од овој за мене т.н наречен постулат ќе произнесам мои толкување, мислења и ставови кои ќе ја доловат и суштината на горенаведениот наслов.

Согласно времето и просторот кои ги има на располагање една извршна гарнитура на власт демократски и легитимно е граѓанинот без разлика на неговиот статус како физичко или правно лице да критикува, да фали или да се согласува или не се согласува со еден одреден пристап на меѓународно или внатрешно тло од страна на владата. Имајќи во предвид дека партиското организирање односно колективното размислување не значи po дифолт дека треба го дели со поединецот, односно учесникот.

Сопственото и личното убедување го прави човекот зрел на политичката сцена. Се наоѓаме во доста неразјаснета епоха во која владее презир кон оној што размислува поинаку од тебе или решил да се дистанцира поради политичките одлуки кои не му се допаѓаат. Не знам воопшто и дали постои некоја дефинирана, целна и општоприфатлива одлука за сите во еден процес кој е во интерес на граѓаните во општеството.

Плурализмот и повеќепартискиот систем од 1991 год до ден денес имплементираа еден вредносеn систем, декориран со реформи и решенија кои се во интерес на државата и граѓанинот, но оставија белег со утврдување на многубројни студии кои потврдуваат дека преминот од социјализам во капитализам остави многу работници без работа. Транзицијата завзема голем удел и таа е процес во Македонија кој уште трае и постепено се претвора во вредносен општествен систем.

Треба јасно и децидно да ни биде на сите како општествена маса дека одговорноста ја сноси секоја влада, во зависност од временскиот период и актуелните политички проблеми. Јакнењето на демократијата е одраз на департизацијата. Интелектуалното јадро, младите никогаш не треба да бидат замолчени туку во континуитет да искажуват одреден револт, само така се осознава демократскиот концепт. Пишувам во улога на обичен граѓанин кој има сопствено убедување и идеолошка потковица. Стојам цврсто зад тоа дека едно јавно пласирање на некоја индивидуа не значи “експертиза” или допирност до институција (која во денешно време се смета за политизација, односно партизација). Да искажеш свој став со аргументи и факти значи дека во себе владее разум.

И само така можеш да го канализираш тоа во квалитет. Несомнено е дека секоја критика не значи и негативност, туку вреднува и еден сопствен прогрес. Зацврстување на углед и авторитет во околината на живеење и пошироко. За да се изградиш човечки на старт е потребна волја. Никогаш не е доцна за промени. Промените носат резултат, но и увидување на претходни грешки кои свесно или несвесно се правеле. Останувам на рационалноста и гледиштето кон демократизацијата.

Верувам во лидери кои знаат да ја предводат авангардата кон прогресивност. Без критичност, а особено без самокритичност не може да има цел, најмалку идеја што се среми кон нешто.

Од блогот на Даниел Станојоски

СПОДЕЛИ