Коњот и војникот

0
233

Во време на некоја војна еден војник го хранел својот коњ со јачмен, како помагач на неволјата. Кога војната престанала, коњот му помагал при тешките работи и во носењето поголеми товари, а добивал само плева.

Кога се слушнало дека пак избувнала војна и кога трубата почнала да повикува, господарот го зауздил коњот, се вооружал и тргнал во војна. Коњот постојано се тетеравел, зашто немал сили. Најпосле му рекол на својот господар :

  • Појди сега во пешаци, зашто од коњ ме претвори во магаре. Како можеш од магаре да добиеш коњ?

ЕЗОП