КОЈ КОГО ШТИТИ?!

0
158

Екс-директорката на Домот за стари лица К.К.Платник е само еден школски пример за тоа како се постигнува политички пазар после промена на власт, таква каква што беше.

А девојката, не беше ни повеќе ни помалку ами “директор” на установа за чие незаконско именување одговорност имал само екс-градоначалникот Ристески, но не и таа. Тоа ти доаѓа како јас да конкурирам за вработување на работно место “воздухопловен пилот” а знам дека немам ни возачка дозвола од “Б” категорија и за моето вработување да одговара само оној кој ме вработил.

И не ќе беше политички пазар ако девојчето тивко и неказнето поминеше низ правосудниот систем, мудро чекајќи промена на власта во некое идно време. Политички пазар е затоа што наспроти се, некој ја охрабрил да биде главната перјаница во кампањата за рушење на актуелната власта а таа (власта), не мрда ни со малото прсте за да ја сопре во очигледната намера.

Да не Ве чуди ако наивното и чесно девојче се најде на пратеничка листа на наредните парламентарни избори.

Сакате јас да Ви кажам или сами ќе заклучите чиј ветар дува во нејзиниот грб?

Од фејсбук профилот на адвокат Жаре Стеваноски.