КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ СО КАСАМИ, АЛБАНСКИОТ ЈАНКО БАЧЕВ: ЕДИНСТВЕН АЛБАНСКИ ЛИДЕР НА ПАРТИЈА КОЈ НЕ Е ПРОЗАПАДЕН, ТУКУ Е СВРТЕН КОН ИСТОКОТ, ШТО ГО ПРАВИ УНИКАТ!

0
1242

Биљал Касами и БЕСА која тој ја предводи се политички уникат во албанскиот политички простор.

Тој е еден вид на Албанска верзија на Јанко Бачев. Свртен кон истокот и тоа блискиот и особено средниот исток.

Десничар, конзервативец, политичар кој својата идеологија ја црпи од етничкото и исламот, тој е копија на она што е во суштина и ВМРО ДПМНЕ, па дури и делат исти конекции на истокот, некои велат преку Ердоган дури до Путин.

Затоа на Бињал Касами око не му трепнува што овие денови може да го сруши големиот план за влегување на Македонија во НАТО.

Проблемот е што за него САД и ЕУ немаат силина и важност, нему му е важна некоја друга агенда, онаа на оној дел од Албанците кои повеќе се насочени кон она што се случува во Сирија и Палестина отколку што се случува на Косово.

Некои аналитичари велат дека Биљал Касами е преставник на Албанците и Муслиманите кои не само што не гледаат со симпатии кон САД туку ги гледаат и како најголемо зло на земјината топка.

Да видиме дали овие анализи ќе се покажат како точни, дали Касами ќе стави нож во грб на Македонија и дали ќе биде факторот кој историски ќе се памети како човек кој лично спречил Македонија и балканот да бидат интегрирани и безбедни и мирни на долг рок, туку напротив помогнал балканот да биде децении во војна и крв до колена!