Коски и черепи пронајдени во дворот на Ахмети во Зајас

0
988

Во дворот на семјената куќа на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во село Зајас пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година.timthumb-1-1-696x320-670x308

Според кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу, се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар.

Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата што започнала вчера, а на местото на настанот денеска излегле и преставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид.