КОНЕЧНО ЈАВНОСТА ЌЕ ЈА ВИДИ ВИСТИНАТА ЗА МЕСТЕНКАТА ПОТКУП: Заев побара, судот прифати целата снимка за потпук да се објави во јавност!!!

0
471

Судењето за „Поткуп“ е одложено за 26 март, бидејќи денеска во Кривичниот суд немаше услови за гледање на снимката.

Судот одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни.

Обвинителите од СЈО се против ова барање. Обвинителката од СЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето.

И Заев побара да биде вклучена јавноста за, како што рече, да си поврати дел од изгубената чест.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Сведокот Сачевалиев денеска требаше да даде исказ, но не е дојден на рочиштето. Тој не присуствуваше и на претходното рочиште на 6 март, бидејќи не бил уредно поканет.

Заев на претходното рочиште, на 6 март, рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата.

Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли Судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на „Јутуб“ да бидат прифатени како доказ.

Задоволен сум што Судот денеска го прифати моето барање за јавно изведување на доказите, односно јавноста да биде присутна во судската сала кога ќе биде пуштена видео снимката што е доказ во судската постапка на предметот „Поткуп“,  изјави премиерот Зоран Заев денеска пред Кривичниот суд по завршувањето на рочиштето.

Заев посочи дека видео снимката влијаела многу на неговата чест, углед и на приватност.

– Почнаа суштините на постапките во случајот „Поткуп“ што се води против мене. Денеска сум задоволен што Судот го прифати барањето на мојата одбрана, но и моето да се направи јавно изведување на доказите, односно видео снимката која влијаеше многу на мојата чест, углед и на приватноста да биде јавно презентирана од причина што се гледа дека на двапати е пресечена токму во во моментите каде впечатокот е целосно различен од тоа што е прикажано во јавноста, рече Заев.

Тој нагласи дека му е значајно како премиер и претседател на најголемата политичка партија во Македонија снимката да биде транспрентно до крај и јавно презентирана за да можат граѓаните да имаат свој сопствен впечаток за тоа што се случувало и што всушност се разговарало. 

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.