КОНЕЧНО НЕШТО ДОБРО И ОД ВЕЧНИОТ РОМСКИ ПРАТЕНИК : На иницијатива на Амди Бајрам, владата на РМ го подигна споменикот на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова

0
539

По две години од смртта на Есма Реџепова-Теодосиевска, неофицијалната ,,кралица на ромската песна, нејзиното вечно почивалиште конечно доби достоинствено обележје-споменик.

Откако никој од нејзините наследници, нејзините многубројни ,,деца“, не се договорија кој ќе ја преземе грижата за гробното место каде почива легендарната македонска пејачка на ромски песни, Владата ја презеде таа обврска и конечно финансираше изградба на споменик.