КОНЕЧНО ДОЈДЕ ДЕНОТ ЗА КОЈ СИТЕ СЕ БОРЕВМЕ, НЕКА НИ Е ЧЕСТИТО НА СИТЕ : Македонија потпишува прием во НАТО идната среда

0
402

В среда на 6 февруари Македонија претставувана од министерот за надворешни работи Никола Димитров на официјална свеченост ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО, јавува дописникот на РСЕ  од Брисел цитирајќи извори од НАТО.

Текстот за Протоколот е вече усвоен во таканаречената тивка процедура во понеделникот. В среда треба да биде потпишан од Димитров и од амбасадорите на земјите-членки, а во наредниот период документот ќе треба да се ратификува од секоја земја членка посебно.

Со тоа Македонија ЌЕ има право да учествува на сите состаноци на сите нивоа на алијансата но нема да има право на глас се додека не стане полноправна членка.