Конечно гукна и президентот Хорхе Валандовски, го поздрави изборот на специјалниот обвинител

0
307

ivanov-sam1

Претседателот Ѓорге Иванов од Црна Гора, каде што е во официјална посета, го поздрави денеска изборот на специјалниот јавен обвинител.

– Го поздравувам изборот на специјалниот обвинител и се надевам дека и другите обврски кои се произлезени од договорот меѓу политичките партии ќе бидат навреме реализирани и дека тогаш ќе можеме да бараме и од Европската унија да го исполни она што го ветува, односно Македонија да ја најде начин да ја напушти статус-кво состојбата во однос на нашите евроинтеграции – изјави попладнево претседателот Иванов на прес-конференцијата со својот домаќин, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ во Цетиње.