КОНЕЧНО ГО СТИГНА ПРАВДАТА ПО 20 ГОДИНИ ВЕРНО СЛУЖЕЊЕ НА ЅИНГО: Вечната десна рака на Ѕинго доби кривична пријава за наместен тендер во Хидро Системот Злетовица!

0
1651

Директор на Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности, без претходно изготвена документација и одобрение за градба. На тендерот била избрана фирма од Кочани, која добила од претпријатието над 13 милиони денари.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.М. (70) од село Тополовиќ, Кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Во текот на 2012 година пријавениот како директор во Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба. Притоа, за изведувач на градежните активности била избрана фирма од Кочани, која стекнала противправна имотна корист од 13.150.062 денара.

Инаку, Стојан Миланов е повеќе од 30 години верна десна рака на Ѕинго, во 90-тите беше неколку мандати градоначалник на градот, директор на средното училиште, директор на Злетовица, сега пратеник во неколку мандати, 30 години безмислосно го слуша Ѕинго и извршува се што овој ќе му нареди, нормално за што е богато награден со функции и голем капитал кој се проценува во милионски суми!