КОЛКУ Е ЛАТАС РАСИПАН ОЛОШ: ВО НАЈНОВАТА КОЛУМНА РОНИ СОЛЗИ ПО ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ И А1 ТЕЛЕВИЗИЈА И ГО ОБВИНУВА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗА НЕГОВИОТ ЛИНЧ?!?!

0
646

Куртонот, колумнист и долгогодишен главен и одговорен уредник куртон на Сител телевизџија, Драган Павловиќ Латас, во својата редовна понеделничка колумна открива нешто за кое јавноста досега не слушнала.

Иако сите би требало да знаат дека погромот на Велија беше резултат на неговиот дуел со Ѕинго па Велија му постави ултиматум на Груевски, избери меѓу мене и Ѕинго, на што Грујо го одбра Ѕинго и Белград и жестоко се пресмета со Велија при што најголем бенефит од тоа имаа Ѕинго и Стојменов, медискиот буџет од над 10 милиони евра годишно кој го имаше А1 им припадна на нив, како и министерското место Земјоделие кое го имаше намерачено Велија одамна со својата партија.

Но сега Латас се обидува да се испере себе и својот газда Ѕинго па глуми лудило, и дури ја обвинува тогашната опозиција, што е лудо и ненормално, но го знаеме Латас, тој отсекогаш бил такво медиско гомно.

Имено, Латас вели дека на одбрано друштво на новинари, во кое не бил тој, но му прераскажале, им бил пуштен телефонски разговор меѓу поранешниот претседател Бранко Црвенковски и тогашен (2010 година) висок полициски функционер, при што Црвенковски помогнал во апсеењето на Велија Рамковски и затворањето на А1 телевизија:

,,Неколку пати Заев во својот романтизам и ренесанса побара народот да не гласа за партија која ја затворила А1 телевизија. Е, ова го чекавме со години. Да дадеш шлагворт, повод, да ја објавиме вистината. Телефонски документирана.

Велија Рамковски, веројатно еден од најдобрите медиумски менаџери кај нас, е уапсен на 24. декември 2010 година, околу 22 часот навечер, во просториите на А1 Телевизија.

Постојат телефонски разговори, кои сигурно ги има во СДСМ, а веројатно ги има и во СЈО, во кои разговараат тогашен висок функционер на МВР и екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и заедно… да, да, заедно планираат апсење на Велија Рамковски.

Кога високиот функционер на МВР му се пожалува на Црвенковски дека Велија може да им избега, Црвенковски одговара дека ќе се погрижи за тоа, ќе разговара со Велија да седи каде што е, да не се секира, за потоа апсењето да биде успешно спроведено.

Јас, вечерта кога го апселе Велија, не знаев за намерите. Бев на вечера со Цеца Ражнатовиќ кога околу 22:30 бев повикан итно да дојдам во Сител каде ми беа објаснети деталите.

Овие разговори ги има Илија Громовник од Јутјуб, близнак на Никола Тесла, и веќе се пуштени во одбрано друштво новинари меѓу кои не сум бил и јас. Па го молам Илија Громовник, за атер на некогашното наше пријателство да ги пушти јавно, да ги чуеме сите а не само одбраните. Нема ништо приватно во нив. Тоа е свиркање за јавен интерес.”

Целата колумна прочитајте ја на Весник.ком