Колач со суво овошје

0
604

Состојки:

3 јајца

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

1 чаша шеќер (од 200 мл)

1 чаша млеко

1 чаша путер

3 чаши брашно

1 супена лажица цимет

400 г суво овошје по ваш избор

1 лимон

1 портокал

100 г чоколадо

Цимет за поросување одозгора

 

Приготвување:

3 белки изматете со миксер во цврст снег, а потоа една по една додавајте ги жолчките, ванилин шеќерот, кристалниот шеќер, прашакот за печиво, млеко, путер, брашно и супена лажица цимет. Смесата доматете ја со миксер за убаво да се соединат состојките.

Додадете сечкано суво овошје по ваш избор (брусница, суво грозје, сува кајсија, ореви, лешници, суви смокви, урми, сув ананас…)

Изрендајте кора од еден лимон и 100 г чоколадо, измешајте со лажица и истурете во подмачкан и побрашнет плех или куглоф и ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени околу 50-55 минути. Испечениот колач превртете го на даска или чинија и додека е се уште топол поросете го со цимет.